НЕ СЕ ГУБАТ САМО БОДОВИ, АМИ И САМОДОВЕРБА

Фудбал: Победа тргна надолу

Pobeda

Планот за победничка серија на Победа барем од три меча (дома со Плачковица, на гости со Осогово, дома со Питу Гили), не се оствари. Расипан е на почетокот, кога никој не очекуваше. Во неделата, дома, Победа загуби од Плачковица со неверојатни 2-5 (1-1). До 84 минута беше 2-2 и во тие моменти прилепчаните притиснаа за трет гол, но по серија груби грешки гостите умееја да казнат со три гола за пет минути. Јунак на мечот е готинскиот напаѓач Кудијан, со 4 постигнати гола. Во финишот публиката негодуваше со свирежи, така што младите играчи го чувствуваат товарот на она што значи да се носи дресот на Победа. Не се губат само бодовите, ами и самодовербата.

Намалени се очекувањата. Дали во најтешките моменти екипата може да се крене на повисоко ниво? Претстои гостување в сабота на Осогово, тим од кој се претрпени два пораза: 6-0 на пријателски и 1-0 на куп-натпревар. Но, од друга страна, Осогово во 4 првенствени кола нема освоено ни бод. Затоа има надеж дека во Кочани ќе се води рамноправна борба. Под услов, како што гостите лавовски се борат во Прилеп, така прилепчаните храбро да настапат во Кочани. Во терминот кога ќе се игра овој меч, на Могила екипата Питу Гули (претходно со 5-0 поразена од Тиквеш) ќе се сретне со Пехчево.

Табела: Брегалница и Тиквеш 10, Беласица 9, Кожуф 8, Пехчево 5, Саса и Плачковица 4, Победа и Питу Гули 3, Осогово 0.

Loading