ПОБЕДА Е ФАВОРИТ СО ПЛАЧКОВИЦА

Фудбал

По првите три есенски второлигашки кола екипата на Победа има три освоени бода, што секако е под посакувањата. Но, според квалитетот на противниците, резултатите се реални. По премиерната победа дома над Саса (2-1), следеа порази – дома од Беласица (0-3) и на гости од Кожуф (2-1). Засега, впечаток е, има неколку подобри тимови од прилепскиот, пред сé Брегалница, Беласица и Тиквеш, неколку рамноправни. Има и такви кои уште од стартот се покажуваат како аутсајдери. Според ова, Победа, и со овој речиси целосно реконструиран тим, може да се бори за постигнување на основната цел – опстанокот во Втората лига. Потребно е да се освојуваат бодови против тимовите кои се послаби, а таков е наредниот, Плачковица. Радовишаните дома загубија од Брегалница (2-4), ремизираа (1-1) со Пехчево, а загубија (3-1) од Тиквеш во Кавадарци. Затоа за в недела (15.30 ч. на Могила) ништо друго не се очекува, освен победа.

Табела: Брегалница и Беласица по 9, Тиквеш 7, Кожуф 5, Саса, Победа и Питу Гули по 3, Пехчево 2, Плачковица 1, Осогово 0.

Loading