БАРБАРА СОБОРИ ГРКИНКА ВО 1 РУНДА

Борење

Невидена желба и енергија кај борачите од БК 7 Мај Леов. Во два дена учествуваа на два меѓународни турнира – Скопје и Белград. Прво во Скопје први места освоија Викторија Стојаноска, Христина Велеска и Барбара Стојкоска, додека второ место заслужи Ива Вандеска. Веднаш продолжија за Белград, каде ги чекаше конкуренција од 280 учесници од 10 земји. Стојкоска освои второ место, откако со миимални 2-1 загуби во финалето од Бугарка, 5-6 килограми потешка. Сепак, се покажа во полуфиналето, со туш против Гркинка, уште во 1 рунда. Вандевска (се бореше против момчиња) беше трета, исто и Стојаноска, а Велеска петта.

Следен настап е Балканијадата во Софија.                                                                                                

Loading