„АРАПСКА НОЌ“ на МОТ

Arapska noc

Ансамблот на театарот на 18 септември со претставата ,,Арапска ноќ,, ќе настапи на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје. Претставата е работена по текст од Роланд Шимелфениг во режија на Зоја Бузалковска. Играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката е на Фолтин.

Претстава е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други. Приказната го прикажува магичното отклонување од механизмот на секојдневието.

Loading