СТАНОЈОСКИ – ШАМПИОН БЕЗ ПОРАЗ

Шах

Според очекувањата, велемајсторот Звонко Станојоски стана победник на Отвореното првенство на Македонија во Охрид, во конкуренција на 31 учесник. Одигра одлично, на 9 партии не дозволи пораз, постигнувајќи 7 победи и 2 реми. Ремизира со фидемајсторите Лазов и Велески, а сите останати ги победи, вклучувајќи го интермајсторот Николовски. Од останатите прилепчани најдобар пласман има ФМ Роберт Велески, на 9 место со 5 поени. Настапија и неколку ученици на Станојоски, а највисоко од нив, на 10 место со 5 поени, стигна 14-годишниот Матеј Ѕвездакоски, кому му успеа реми со Лазов.

Еден од судиите на првенството беше Кире Николоски.

Loading