ПОБЕДИ НАД АЛУШОВСКИ И ТИКВЕШ

Ракомет

Машкиот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, во чест на некогашниот репрезентативец и тренер, се одржа во салата ,,Ричко,, одлично организиран од РК Прилеп, со цел за уигрување на екипата во пресрет на прволигашката сезона. Екипата на тренерот Андријано Котевски се претстави мошне солидно, победувајќи 32-25 со Тиквеш, 27-22 со Алушовски, а единствениот пораз е 27-30 од победникот, Металург 2. Меѓу наградените е младиот голман Иван Ангелески. Завршните тренинзи се до 14 септември, кога стартува новото првенство, дома со Јуниор КВ од Скопје.

Завршни подготовки има и женскиот тим Деспина, кој на 15 септември првенството го почнува дома, со фаворитот Куманово.                                                                                                                      

Loading