„ОКРУЖИЕТО НА КОНЕСКИ“ ОД ДИМИТАР ПАНДОВ

Промоција

Во куќата на Конески во Небрегово се промовира книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев. Конески е претставен во редицата на македонските константи на 20 век (Крсте Мисирков и Кочо Рацин), во поредицата на светската лингвистика и славистика, преку македонските културни акции во кои имал главен збор (кодификацијата на македонскиот јазик, основањето на универзитетот), како и меѓу неговите најблиски соработници од областа на македонистиката, и пошироко, од македонската литература и културна историја.

Книгате е работена на фонот на целокупното дело на Конески, на фонот на литературата за Конески, како и на македонистиката и општата лингвистика која кореспондира со творештвото за Конески.

Loading