КИСЕЛЕЊЕ НА ЗЕЛКА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ

zelka

Овој рецепт е чудо кое треба да се проба, оти е интересен начин за двенеделно киселење на зелка за сарма.

Потребни се 5-6 кг (3-4 главици) зелка, рака жолто фино мелено пченкарно брашно,1 парче леб и сол. Нужно е секако мало буре или канта, пластичен потиснувач и помал сад или кутија од 1-2 литри.

За брзото киселење важно е зелката да се држи во кујната или трпезаријата на топло. Затое се потребна кутија со добар капак да не се чувствува мирисот дома од процесот на ферментација.

Зелката се чисти од надворешните листови, се отстрануваат деловите  со дамки и малку се длаби во кочанот – коренот. Се реди во кантата колку што може да собере. Останатото се сече на половинки и четвртинки за подварок. Парчињата се стегаат меѓу главиците. Се наросува со една рака мелено пченкарно брашно и се додава едно парче леб. Солта се мери според соленоста на расолот. Зелката мора да биде солена за да се одржува и да не се расипе. На литар вода се става 25-30 г. морска ситна сол. Се проба со прст да не биде отров солено. Но ниту слабо солено, бидејќи тоа ќе биде приближно соленоста и на вашата зелка. Со вкусот се оценува. Многумина не сакаат пресолено. Во бокал се ставаат 27 г. сол и литар вода. Се мешаат и со прелива зелката додека не се исполни до врвот. Повремено се става топла вода, но никако врела. Кога кантата ќе се исполни, се става потиснувач, а преку него пластична кутија го притискаме да се наполни кутијата со вода и со тежината да ја потисне зелката да биде целосно потопена. Следниот ден се вади парчето леб и се додав уште солена вода по потреба зелката да биде прекриена. Не се отвора кантата секој ден. Бидејќи не е ладна, од секоја страна каде што може да влезе раката, малку се потурнува и се промешува да се изврти расолот. На ваков начин зелката почнува да се кисели за неколку денови. За 10 дена зелката е спремна за салата, а за сарма е готова за 2 седмици.

Loading