Колку повеќе богатство впиваш стануваш се’ пожеден.
х
Јаде туѓи колачи, а ги фали само своите.
х
Вели дека за него не важи пишаното бидејќи е – неписмен.
х
Ако не си ја подобруваш сегашноста не сонувај за иднината.
х
Не чекајте да цените се околу себе откако се’ ќе загубите.
х
Прашање е што е подобро да имаш: умен непријател или неумен пријател?
х
Со повеќе лица никогаш нема да имате сигурен живот.
“Д-р Хаџи-Васков”