ПРИЛЕП „ЦУТИ“ ВО “МЛАДОСТА

Plostadot na Prilep pred Vojnata

Окото на фотогафот го „чкрапнал“ Прилеп во цутот на „младоста“. Прекрасна, фотографијата ја прави едноставноста и воедно шареноликоста на зградите и куќите во центарот.

Се издолжил како низа велелепниот хотел Југославија и грандиозно се издигнал хотел Јадран, потот во далечината хотелот на Миновци. Тука е и споменикот на сегашниот плочник, а “окото” од Градскиот часовник забележало и дел од уличките на Старата чаршија, како и зградата на сегашниот Синдикат и  Старата библиотека.

Убаво изгледа архитекстонски Прилеп. Некако средено, без конфузија. Како сончеви зраци подоцна се шири од страните. На сликава се распослало и дел од прилепското поле. Полека, но сигурно се “вишнее” и шири Прилеп, да ги фати Марковите кули кои, постојано му бегаат, а му се на дофат…

Loading