Женски фудбал
Пред две години женскиот ракометен клуб беше именуван Деспина, што наиде на симпатии во спортската јавност. Деновиве тоа убаво име го прифати и женскиот фудбалски клуб, кој сега официјално се вика ЖФК Деспина – Прилеп. Доведени се засилувања: Чубриноска, Маркоска, Стојкоска, Митревска (сите од Истатов Дојран), Зголемени се амбициите,за пласман на едно од првите три места. Клубот предводен од претседателот Славчо Ѓорѓијоски, тренерот Диме Аџулески, координаторот Николче Здравески и голманскиот тренер Круме Митрикески, одлично ја почна есенската полусезона. Во 1 коло дома со 15-0 совладан е тетовски Љуботен. Следното коло се очекува триумф над Топ-Гол во Битола.
Гаранција за успех е финансиерот – Витаминка.