СТАНОЈОСКИ ВО БОРБА ЗА ВРВОТ

Шах

Велемајсторот Звонко Станојоски постигна 5 победи и 1 реми на Отвореното првенство на Македонија во Охрид. По 6 коло, тој запоседна на првото место, во конкуренција на 31 учесник.

Од останатите прилепчани, пријатно изненади 19-годишен Давид Манески, со освоени 4 поени, а ФМ Роберт Велески имаше 3,5.

Остануваат уште 3 кола, од кои последното е денеска претпладне.

Loading