НОВ БРОЈ НА „СТРЕМЕЖ“

Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“  во издание на НУКЦ ,,Марко Цепенков,, содржи поезија од Никола Маџиров, Љубица Трајкоска, Цветанка Колева и Стефан Марковски.      Во прозните содржини читателите можат да ги прочитаат расказите од Маја Апостолоска и Габриела Стојаноска-Станоеска. Меѓу кориците се препеви и преводи на естонскиот поет Јан Каплински, од чешкиот автор Карел Сис и песни од молдавската поетеса Маргарета Куртеску. Меѓу критиките, есеите, студиите се застапени Елизабета Шелева, Славица Србиновска, Борис Апостолов, Сузана Ѓорѓиевска и Звонко Танески. Во рубриката театар е објавен текстот ,,Адресар Б.Б.,, во кој Сашо Димоски се осврнува на животот, делата и мајсторското актерство на Билјана Беличанец.

Loading