КОНЦЕРТ НА ТРИО ДОЛЧЕ

Прилепско културно лето

Trio DOLCE

,,Сеќавање на едно лето,,  е концертот на Триото Долче што ќе се одржи  вечерва од 20 часот во фоајето од ЦК ,,Марко Цепенков,,. На програмата се дела од Рахманинов, Дебиси, Монти, Пјацола и Брамс.

Андријана Дукоска (виолончело), Марија Шамоска Буџаковска (пијано) и Светлана Богданоска (флејта) во 2016 г. го формираат Триото Долче, со кое концертираат на културни манифестации низ Македонија. Биле канети и во Италија, продлабочувајќи ја соработката меѓу двете држави.

Нашата сограѓанка Дукоска е дипломец на ФМУ во Скопје. Учествувала на повеќе државни натпревари и е добитник на повеќе државни награди за соло виолончело. Настапува на повеќе културни манифестации. Шамоска Буџаковски завршува ФМУ во Скопје и магистерирала. Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари. Добитник на повеќе награди. Како пијанистка свирела  на културни манифестации. Таа е професор по пијано во Битола. Богданоска завршила ФМУ. Музичката наобразба ја надоградува со учество на работилници и семинари кај познати музичари. Добитник е на државни и меѓународни награди.

Loading