ПРВИОТ ИСПИТ Е ВО КОЧАНИ

Фудбал

Второлигашот Победа има мошне млад тим кој се надградува со неколку поискусни. Покрај некогашните капитени Б. Дамевски и Гешоски, на тренерот Мегленски на располагање му се: Столевски, Х. Тодоровски, Вецески, Дунимаглоски, Б. Наумовски и Магловски (Пелистер), Л. Најдовски (Тетекс). По пријателските средби со Динамо Врање (1-2), Пелистер (0-1), Осогово (0-6), Кожуф (1-2) и Црнобуки (4-2), в среда е првиот официјален натпревар, од Купот, со Осогово во Кочани. Имајќи ја предвид претходната ,,шестка,,, добро е да се поправи впечатокот.

Во првенството првите два меча се дома, со Саса (24 август) и Беласица.

Loading