СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА БАРБАРА

Борење

Традиционалниот турнир во слободен стил ,,Љупче Црвенкоски,, во чест на прерано починатиот борач и судија, ги оправда очекувањата. Во салата ,,Ричко,, прифаќајќи ја поканата од клубот БК 7 Мај Леов, се појавија 243 борачи од Србија, Косово, Бугарија и Македонија. И во женска и во машка конкуренција, меѓу 8 и 12 години, фаворити се сметаа гостите од Бугарија, но тие наидоа на проблеми во финалињата. Така, во машка конкуренција од седум финалиња само две добија, што говори за изедначеноста на турнирот. Особено се покажаа прилепчаните. Најдобар борач на целиот настан е Барбара Стојкоска, со три победи, од кои две против репрезентативки на Србија. Најперспективна кај девојките е 9-годишната Андреа Маркоска, најдобра македонска борачка е Ива Вандеска, а најдобар домашен борач – Стефан Стојаноски.

Следи учество на турнир во Бугарија.

Loading