РОМАНТИЧНА МУЗИЧКА ВЕЧЕР СО МЕЛАНИ ПЕОСКА И ПРИЈАТЕЛИТЕ

Прилепско културно лето

mELANI pEOSKA

Вечерва од 20 часот во фоајето на ЦК ,,Марко Цепенков,,, ќе се одржи музичка вечер насловена ,,Романтична вечер со Мелани Пеоска и  пријателите,,. На програмата се популарни романтични композиции како ,,Спринг,,, ,,Ривер,,, ,,Моонлајт,,, Лав Стори,,, ,,Маунтаинс,, и други, кои Мелани Пеоска ќе ги исполни на пијано во придружба на Софија Никоска (виолина), Марија Јанчулеска (виолина), Љупчо Трајаноски (виола) и Андријана Дукоска (виолончело). Ќе се исполнат и евергрини во изведба на Александар Здравков (глас) и Филип Пеоски (пијано).

Мелани Пеоска е родена во Загреб, Хрватска, каде што го формира своето образование. Таа е добитник на високи признанија и награди. Активно настапува и одржува концерти во Македонија, Германија и Хрватска како солист и камерен соработник. Од 2013 година живее и свири во Германија. Заедно со својот сопруг Филип Пеоски, основачи се на приватното музичко училиште во Германија. Од 2018 година настапува низ Германија како солист и автор на клавирските дела наречени ,,Клавирски импровизации,,.

Концерт на гитара  и на пијано

На 22 август од 20 часот во фоајето на Центарот, целовечерен концерт на гитара ќе има Марко Цветковски, студент на ФМУ во Скопје. На програмата се дела од Бах, Мерц, Браувер…

На 23 август во фоајето од 20 часот целовечерен концерт ќе има дуото на пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска. Дуото изведува дела на пијано повеќе години. Има програма од барок до модерна музика низ повеќе рецитали во Ресен, Охрид, Скопје и на фестивали. Во 2013 година го снимиле првото ЦД.

Loading