КУД „МИРЧЕ АЦЕВ“ ВО ТУРЦИЈА

KUD Mirce Acev vo Turcija

КУД „Мирче Ацев“ настапи на Интернационалниот фолклорен фестивал Бартин, во местото Куруџашиле, на Црното Море во Турција.  Играорците ја претставија нашата земја со сплетови на ора и песни. Како што пренесуваат од друштвото, публиката се воодушевувала на раскошниот македонски фолкор и ги наградувала негувачите на традициите со аплаузи. При тоа се склучиле нови пријателства со учесници на фестивалот, членови на културно уметнички друштва од другите држави. Домаќините се покажале како гостопримливи организатори кои го поделиле задоволството со локалното население.

Loading