УНГАРСКА ВЕЧЕР СО ФА „ТАБАН“

На прилепското културно лето

Grupa taban ungarija

 

На 5 август од 20.30 часот околу Градскиот саат ќе се одржи Унгарска вечер со групата „Табан“. Фолклорниот ансамбл е основан во 1993 година. Ги собира, чува и ги етаблира традициите на унгарски народни ора и на други националности кои живеат во карпатскиот басен. Тие веруваат во важноста за запознавање на публиката со традициите и навиките. Покрај европските вредности, се обидуваат да го зачувуваат националниот идентитет. Со автентичната програма настапуваат на ТВ, фестивали и натпревари.

Групата е наградена со титула за 2010, 2012 и 2019 година, што е највисокото признание во унгарското фолклорно движење. Во 2010 година ја добија и наградата “За Румуните од Бекешчаба”. Танцовата група е добитник на неколку меѓународни признанија, во Унгарија и на најголемиот меѓународен фестивал на театарот и танцот во Романија.

Ансаблот го водат млади мајстори на танцот и народна уметност.

Loading