ПРОСЕКОТ ВО ПОБЕДА Е 19 ГОДИНИ

Фудбал

Второлигашот Победа 12 дена е во тренажен процес, во очекување да се назначи Управен одбор и Стручен штаб. Привремено, по барање на сегашната Управа и Општината, со тренинзите раководеше актуелниот кондициски тренер Сребре Стефаноски.

-Некој мораше да почне. Работевме на Могилата и на теренот со вештачка трева. Одигравме една пријателска, со српскиот прволигаш Динамо Врање, загубена минимално со 1-2, со голот на Х. Митрески. Поради краткото време и малиот фонд тренинзи, сум презадоволен постигнатото на  играчите. Противникот беше од поквалитетна лига и со завршна фаза од подготовките – рече Стефаноски.

 За Победа настапија: Макрески – Д. Наумоски, Петроски, С. Спиркоски, Каралиоски – Карапеев, Андреевски, Свртиновски, Ф. Димоски – Х. Митрески, И. Ристески, а во вториот дел уште: Бунтески, Р. Димитриески, Ф. Спиркоски, Дебрешлиоски и Јошески. Просекот е 19 години. Од новите не настапи Х. Тодоровски и тројцата ,,староседелци,, Гешоски, Д. Спиркоски и А. Ристевски. Најавени се и неколку нови, искусни засилувања.                                                                                                      

Loading