ПРИЛЕПСКИ АВТОРИ ВО КУМАНОВО

Емил Солески, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Перески и Давид Атанасоски се прилепските автори кои учествуваат на изложбата ,,Скулптури на новото време,, што ќе биде отворена вечерва во Куманово. Тие се претставуваат со скулптури во различни материјали и во повеќе скулпторски техники.

 На десеттото издание, биеналната изложба ја сублимира хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз е сé дозволено, од употребата на материјали, пристапот кој варира од класичното разбирање на улогата на скулптурата во просторот до концептуалниот приод со употреба на ready-made материјали, па дури и некои обиди за комбинација на технологијата во служба на изработка на кинетичка скулптура.

– Идејата е следење на новата продукција и презентирање – вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Loading