ТОФИЛОСКИ ПРЕЧЕКАН КАКО ЅВЕЗДА

TofiloskiДрита Гнилане

Доскорешниот голман и капитен на Победа, Дарко Тофилоски, одбра една од повеќето понуди за премин во странски клуб. Негов избор е косовскиот прволигаш Дрита од Гнилане. Се дознава дека клубот го примил како голема голманска ѕвезда. Подготвиле видео за негово претставување пред навивачите. Во текстуалниот дел е стои дека е голман со богата кариера, оти настапувал во Швајцарија, Словачка, Ерменија и Македонија.

Дрита претходното првенство го освои 4 место, а во следното претендира на повисок пласман.

Loading