ДЕЛА НА ГРУПАТА „УМЕТНОСТ – МЕЃУНАРОДНА ГРУПА И ПРИЈАТЕЛИ“

Вечерва во 20 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметност – меѓународна група и пријатели“, на која ќе бидат изложени дела од 15 уметници од  Русија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Италија, Германија, Романија и Македонија. Изложбата ги нагласува идеалите на пријателството и меѓународната соработка. Уметниците ги споделуваат своите култури, јазик и традиции. Универзалниот јазик на уметноста станува нивниот медиум за комуникација. Уметноста обезбедува можности да создаде нешто ново од она што веќе постои, пренесува идеи од една културна средина во друга, се движи од минатото до денес во иднина. Силата на уметноста има волшебен допир кој воспоставува дијалог, покрај разликите во перспективата и начинот на размислувањата.

Организирањето изложби во различни земји привлекува локални уметници на кои им се дава можност за заедничко учество.

Loading