КРСТЕВСКИ ВО ПОЛСКА

krstevski polska

На 12-тата сликарска и резбарска колонија во Гарбатка Летниско во Полска учествува и прилепскиот мултимедијален уметник Златко Крстевски во друштво со дваесетина уметници од САД, Канада, Тунис…

  -Инспириран од старата архитектура, изработив 7 цртежи графит, туш од циклусот ,,Стари Будинек,,. На платно од 5 метри ќе се наслика во масло на платно релација Познан – Кажимерж Долни, мотивирани од срцето на Мазовче – вели Крстевски, кој работи и на скулптура дрво-метал, што ќе биде дел од колекцијата на домаќинот.

Loading