АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кројачите на туѓите судбини сеуште се во мода.

Х

Совеста и доблеста не одат заедно со кариерата по секоја цена.

Х

На заспаните никогаш нема да им се остварат соништата.

Х

Заслепениот ита кон височините за да биде виден.

Х

Животот е трка во која секојдневно треба да се победува…

Х

Сеуште профитираат оние кои го  зборуваат она што сакате да го слушнете, а  го работат она што си го замислиле пред тоа.

Х

Најдобри апчиња се оние кои можат да се употребуваат без рок на траење.

Loading