Сокот од вишни штити од канцер

visniМеснатиот дел се јаде од плодот на вишната. Според вкус вишните се делат на слатки и кисели. Бинг и Ламберт се најпознатите сорти на слатка, темно црвена вишна. Наречена е според турскиот град Цеарус каде е откриена. Се споменува во 400 г. п.н.е. во стара Грција. Денешен најголем производител е Европа. Со време се вкрстиле видовите да се добијат стебла прилагодени за домашни градини. Високи се до 2,5 метри. Огромните бели цветови создаваат прекрасна слика пред крајот на мај. После бербата вишните се чуваат во фрижидер да се сочува свежината. Таму опстануваат до една седмица. Замрзнати траат до една година.
Најчесто се консумираат свежи. Одлични се за производство на сок, разни преливи за колачи и сладолед или за торти. Богати се со витамин Ц и А. Содржат состојки кои ги превенираат канцерогените заболувања.
Сокот од вишни е омилен овошен пијалок. Домашниот се добива од свежи вишни. Може да се направи и од замрзнати. Во него се драгоцените состојки, антоцијан, кумарин и калиум. Има повеќе начини за правење на сок. Најважно е плодовите да бидат зрели. Бидејќи плодот е кисел, му се додава малку вода и шеќер. Домашен сок се прави во специјален соковник. Тоа е голем сад со решетка, кој стои врз друг сад во кој врие вода. На дното има цевка од каде излегува сокот. Овошјето не загорува, оти се готви на пареа. Потоа се складира во шишиња. Има преубав вкус. Нужно е малку да се додаде конзерванс за подолг рок на траење.
За подготовка може да се земе доза од 5 кг. вишни, 1 кг. шеќер, 1 мала лажичка лимонтус и конзерванс на врвот од лажичката. Втор начин за приготвување е без готвење. Се гмечат вишните во поголем сад, па се додава 1/5 вода и се оставаат да стојат неколку часа. Потоа се процедува содржината низ газа или цедалка, па се додава шеќер според вкусот. Се меша да се стопи шеќерот. Најздрав сок се прави во блендери. Но, треба внимателно да се извадат сите семки. Сокот се комбинира со друго овошје за суперосвежителни пијалаци.
Сокот е фантастичен и по вкус и по мирис. Тој е и енергетски пијалак. Содржи лековити антоцијани и растителни пигменти со препознатливата темноцрвена боја. Антоцијаните се антиоксиданси и го штитат организмот од малигнитети. Вишните помагаат за намалување на ,,лошиот,, холестерол и за одржување на здрав срцев мускул. Штитат и од мозочен удар. Сокот е добар против тромбоза бидејќи содржи состојка која ја намалува склоноста кон згрутчување на крвта. Вишните имаат и калиум кој влијае врз намалувањето на крвниот притисок. Добри се за видот, за крвните садови, за лекување на анемија, против гихт, реума и воспалителни процеси во организмот. Богати се со витамин Ц, бета каротен, Б1 и Б2. Покрај калиумот, од минералите ги имаат и калциум, фосфор, железо и кобалт.

Loading