Домашен балсам за раце

Ако имате сува и испукана кожа на рацете и за затегнување на лицето, направете го овој домашен балсам. Ефектот е одличен. За 3-4 денови кожата станува мека и еластична. Испуканата кожа заздравува без лузни и дамки.
Во 1 литар вода се раствораат 2 лажици морска сол. Во растворот се киснат рацете 10-тина минути. Не се бришат рацете, туку нежно со крпа се тапкаат да се исушат.
Балсамот се прави со 3 свежи жолчки, 3 супени лажици мед и 3 супени лажици масло (маслиново, бадемово, ленено). Се мешаат добро сите состојки и се нанесува на чисти и суви раце. Така да стојат 20-30 минути. Потоа се мијат со вода и се мачкаат со хидратантен крем. Балсамот се користи 2-3 пати дневно. Трае 5 дена во фрижидер.
Ефектите се видливи по неколку денови. Пукнатините и нерамнините исчезнуваат, а кожата станува мека, мазна и еластична.

Loading