АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со пет лични во кошарката го напушташ натпреварот. Со повеќе од пет лични, можеш да продолжиш во – политиката!

x

Тешко е да одбереш меѓу две зла, особено кога зад нив има уште повеке.

x

Некогаш младинските работни бригади многу побрзо ги градеа патиштата.

x

Ако волците се сити значи дека имаме вишок – овци.

x

Сака сите да ги испитува, а не е во состојба самиот да се преиспита.

x

Зошто секогаш кога ќе се напиеш на изворот му го свртуваш грбот.

x

Не е добро сите да ги разбираш освен себе.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading