„АТАК“ НА СКУЛПТОРИ И СЛИКАРИ

До 10 јули

Tvroecki vo CSLU

Во Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) сé е во знакот на творештвото. Се отворија традиционалните културни манифестации  – Интернационална сликарска колонија, Интернационалниот скулпторски симпозиум ,,МЕРМЕР,,, Интернационално студио за пластика во дрво и Интернационално атеље за скулптура во метал. Уметници од земјава и странство ќе творат до 10 јули.

Посебен акцент годинава ставен е на 35 годишното опстојување на Интернационалното атеље за скулптура во метал, од 1984 година каде веќе работат нашиот скулптор Марјан Стојаноски со колегите Џорџе Арнаут и Драгољуб Здравковиќ од Белград. На симпозиумот во мермер ќе учествуваат Албулен Незири од Косово и Каролина Палмеро од Аргентина, а на Интернационалната сликарска колонија со дела ќе ја збогатат сликарите Алекс Клосе – Канада, Михаил Баначик од Полска, Хозе Санчез од Шпанија, Светлана Соло од Русија и прилепските сликари Наде Тоскоска, Драшко Михајлоски – Пижа, Лепа Милошеска, Марта Макеска, Кристијан Јованоски, Александар Џинго, Павлина Илиеска, Васил Костов, Сања Јездиќ, Тони Трајкоски, Ферди Булут, Тања Дмитриоска и Славчо Поповски. На Интернационалното студио за пластика во дрво ќе твори Радослав Симеонов, од Бугарија.

Уметниците ќе разменуваат искуства. ЦСЛУ постои од 1957 година со формирањето на првата Интернационална сликарска колонија. Во 62 годишното постоење создадени се повеќе од 1200 различни уметнички дела од уметници од повеќе од 50 држави од светот. ЦСЛУ го поттикнува и унапредува уметничкиот израз, продолжувајќи ја традиција на слободно творештво.  

Loading