ГАЈДИ НА „АЛЕКСАНДРИЈА“

фестивалот „Пеце Атанасовски

festival pece Atanasovski

Со семинарот за изучување на изворни инструменти и песни почна 45 -то  издание на фестивалот на народни инструменти и песни ,,Пеце  Атанасовски,, а чие свечено отворање е вечерва од 20 часот на плоштадот ,,Александрија,,. Од 19 часот е традиционалното дефилето на  учесниците низ улиците.

Вечерва ќе се претстават дел од негувачите на народните инструменти и изворните песни. Се очекува учество на околу 350 изведувачи на гајда, кавал, тапан и на изворните песни од цела Македонија и гости од Бугарија.

Симпозиумот  на тема ,,Фолклорот во минатото и денес,, со еминентни научни работници е в сабота во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. При тоа ќе биде промовиран Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос. На втората вечер на Рудина кај Долнени ќе настапат останатите учесниците. На крајот, ќе им бидат врачени наградите меѓу која и највисоката за најдобриот гајдаџија, ,,Гајдата на Пеце Атанасовски,, што ја доделува општина Долнени.

-Манифестацијата ја чува, ја негува и ја поттикува љубовта на новите генерации за богатиот изворен македонски мелос, што е дел од фолклорното културно наследство – велат од фестивалот, чии почетоци се од 1974 година.

Единствениот фестивал од ваков вид на Балканот се грижи за зачувување на изворниот македонски фолклор и одржување и создавање на вештини на свирење на традиционалните народни инструменти.

Loading