„ДИЛИЖАНСА“

-Кај че бегаш сега?

-Какво бегање! Одвај чекам некој муабет да скршам со тебе. Кого че оговараме денеска,

-,,Дилижанса,,! Првиот храм на демократијата во градов.

-А бе ти реков, за неа треба Зенит три години простор да ни остапува, и па нема да се докажи.

-Не мора сé. Колку да се потсетиме. Младиве да знат какви бурни времина беа? Шо не поминавме, ние кутрите.

-Чути, маки невидени, страдајна, офкајна, дури и пиштења,

-Ама и вредеше жртвувајнето. Се пишуваше историја. Не е лесно демократија да му пикаш на секого, Добро шо учениците сите беа бистри, ко родени за то.

-Јака му душа на Васкичо. То му беше врв на кариерата. Уба пара собра, ама со мака, тешки откажувајна, непреспиени нојчи, опасни и непредвидливи настани. Не знајш кој џам че биди скршен или од која столица че станиш инвалид.

-Алал да им е и на пациентите. Одбор, крем, за то време. Професионалци, кој за политика, кој за историја, кој за уметност, кој за пеејне, кој за плачејне…

-Поведение петка. Внатре во храмот, ако треба и аркада че пукни, ама се излегува од него гушнати, со песна, небаре од свадба се врајчаат.

-За сексологија им немаше равниа?

-Нарочно по второто чаше, завиваа од секс.

-Какви политичари? Немаше во градов поарни. Се сејчаваш на дискусиите? Штета шо не појдоа нагоре.

-Најдобри, демократи невидени, револуционери до еден. Како наближуваше полнојч, така стануваа се поголеми и поголеми…

-Демократи?

-Не, револуционери!

-Да не прајме муабет за ситните сати,

-Делириум, кој пеј, кој рецитира, кој штрака, кој прати…

-После то, папсан фаза, во зорите, отупени, замаени, измачени, кутрите дотука, шо од очите не им се гледа, Ако некој влези да вида кој е, малку че ја кренеа глата. Оти им беше многу тешка. Едното око затворено, а другото оџагарено. Од претерана работа, уста не им се отвараше, че си ја наведнеа глата на рака и…

-И револуционеро има право на одмор, ебаго!

-Не е играчка, тешко нив, како издржуваа?

-Само тие си знаеа. Знајш како е. Секоја револуција си има цена. И нивната знајш дека некои не издржаа.

-Револуцијата си ги јади чедата, рекол некој. Ама јас не знам кој е.

-Кој и да е, не грешил. Се гледа по героите од ,,Дилижанса,,.

-Да остај ме  нешто за другио пат ко че се видиме, оти ова нема крај. Се баш треба да се видам со Васкичо, за еден совет, да не ми забега, оти кај него уште времето е пари.

-Ако не е кај Чаушо, сигурно е кај Кумата. Со Кочо работа на случајо.

-Уште поарно, од двајцата че добијам подобар совет.

-Госпо напомош нека ти е, џуле-џуле.

Џага-Дур

Loading