Направија шума од закони ама не и обезбедија плодна почва.
Х
Го издвоив своето мислење за да си го задржам умот.
Х
Желбите ни се големи ама чекорите различни.
Х
Кога победува погласниот значи дека победило грлото, а не – умот.
Х
Пријателството е бунар којпостојано треба да се продлабочува.
Х
Велите дека сите сме еднакви ама седиме на различни столчиња.
Х
Датум се бара со – ум!
“Д-р Хаџи-Васков”