ШОКОСКИ ВО БУТЕЛ

Ракомет          

Младиот лев бек и плејмејкер Давор Шокоски го одбра суперлигашот Бутел за нов клуб каде ќе има можност да се докажува. Потпиша двегодишен договор со екипата која го освои 3 место во основниот дел од Супер лигата, а потоа учествуваше во плеј-офот. Потоа со конечното 4 место обезбеди учество во купот ЕХФ. Екипата ја води некогашниот репрезентативец Игор Котевски.

Шокоски израсна во РК Прилеп, кој без него отпадна од Супер лигата.

Loading