Кик Бокс
Тројца прилепчани од клубот Максам учествуваа на меѓународниот натпревар во кик бокс, дисциплини к1 и Таи бокс во Швајцарија во организација на ИЦФ. Меѓу натпреварувачи од Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово во машка и женска конкуренција прилепскиот клуб го претставија Марио Пеливаноски кој победи на поени против Ваид Ибрахими од Швајцарија во дисциплината к1, 57 кг. Потоа Дино Пеливаноски триумфира на поени против Швајцарецот Стефан Радојевиќ во Таи бокс до 54 кг. и Далибор Кафеџиоски го совлада на поени Џулиан Пастори од Швајцарија во Таи бокс до 65 кг.
Прилепските натпреварувачи имаа одличен настап и големо искуство.