Ин мемориам Брацо Вујчиќ

Во Скопје, на 70 години, почина Слободан Вујчиќ – Брацо, еден од највлијателните луѓе во современиот македонски фудбал. Имаше компанија ,,УФА – медија,, од Хамбург со која ги откупуваше и продаваше ТВ-правата за натпреварите на репрезентациите и клубовите. Штом ќе се спомнеше неговото име, се знаеше дека или преку пласман во првенството, или преку освојување на купот, ќе излезе во Европа. Долго соработуваше со Победа, која освои две титули и еден куп, одигра 32 меча во евро-куповите, меѓу 1997 и 2007 година.

Loading