ЗОШТО СУСПЕНЗИЈАТА Е ЗАМЕНЕТА СО ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА?

Фудбал: Старата Победа со протест до ФФМ

Првиот термин се толкува како автоматско враќање во Првата лига

Pres Pobeda

Градов наместо еден има два големи фудбалски проблема, затоа што постојат две Победи. Едната Победа АД, сегашната (од 2010 наваму) отпадна од Првата лига и прашање е како ќе се снајде во понатамошното опстојување, а старата Победа (од 1941 до 2010 кога беше казнета од УЕФА и ФИФА) не е се уште учесник во лига од системот и по истекот на осумгодишната казна. За да се разјасни што се случува со старата Победа, излегоа двајца членови на Управата.

– Во 2017-18 година требаше да биде означен почетокот на натпреварувањето на Победа од каде што беше суспендирана, од Првата лига. Не вродија со плод сите наши писма, протести, до Федерацијата и до претседателот Ѓорѓиоски. Тешко е во сопственото семејство да кажете добар ден, а никој да не ви возврати барем со климање на главата. Се чувствувавме навредени со одење до Федерацијата, носење на документи, плаќање на 12 илјади денари до жалбени комисии, а оттаму добивате бегло соопштение. Или имаше  голем бројкога не се добива одговор – вели Ѓорѓи Кироваков, секретарот.

Раководството цело време било на релација Прилеп – ФФМ Скопје. Се изложувале на трошоци, се плаќале адвокатски, правни услуги, се плаќале поштарини и такси, за некој да им одговори. Воедно, целта била и да ги известат и потсетат дека се ближи 2017-18 и дека местото им е прволигашко.  Бил направен и друг чекор, барање до ФФМ  да почне со младински школи, да се знае дека постојат и не се згаснати како клуб. Но, одговор немало. На крајот добиена е една одлука каде што суспензијата била преквалификувана во дисквалификација. Се смета дека ако е суспензија (според дигиталниот речник привремено отстранување) тоа би било автоматско враќање во Првата лига, а ако е дискалификација (забрана за натамошно настапување), клубот би морал од најнискиот ранг.

– Никого не напаѓаме без потреба. Презентираме вистина заснована на факти. Имаме одлука од ФФМ, донесена на чело со претседателот Хари Хаџиристески во која се напоменува суспензија. Зошто сега таа суспензија е преиначена во дисквалификација?. Некој треба да одговара за оваа работа. И зошто не сме вратени во Прва лига? Таму ни е местото – рече Денис Трајкоски, директорот.

 Пред две години биле испратени писма со сите документи до УЕФА и ФИФА и уште се чекале одговорите.

Решенија и за двете опции

Клубот има две опции. Првата е доколку остане ваква состојбата, ФФМ да не го врати клубот во Првата лига, а втората, доколку Федерацијата ја врати во елитното друштво.

 – Доколку не одбијат, има инстанци, ќе поднесеме жалби, тужби. Нема да застанеме и ќе ја тераме работата докрај. Доколку донесат одлука да не вратат во Првата лига, ФФМ ќе го тужиме затоа што не сме вратени навреме во 2017-18 и по таа основа треба да бидеме обештетени – најави Трајкоски.

Loading