„ДАЛИ И ТИ СИ МИГРАНТ?“

Дарко Талески во Софија

Изложбата „Дали и ти си мигрант?“ од Дарко Талески е отворена во Софија. Таа ја прераскажува животната приказна на неколку прилепски уметници. Мотивот на уметникот е да ги поттикне и разбуди емпатијата и сочуствителноста, претствувајќи ги, преку колажи од фотографии, пишани извори, писма и изјави, животите на петмина прилепски уметници во форма на постери, кои гледачот индивидуално ги доживува со користење на современа технологија и можностите на продолжената реалност (augmented reality). На темата миграција, во анимираните постери, се пренесени животите на уметниците се Дарко Талески, Васил Костов, Лепа Милошевска, Јасмина Руневска и Ферди Булут.

Loading