СТАТУЕТКАТА „АПЛАУЗ“ – ДЕЛО ОД МАРЈАН СТОЈАНОСКИ

Statuetkata akter od Marjan  stojanoski

Статуетката „Аплауз“ што беше врачена на најдобрата претстава од публиката на МТФ ,,Војдан Чернодрински,, е дело на нашиот уметник Марјан Стојаноски. Тој е среќен што му било доверено да ја креира и изработи наградата.

 -Аплаузот е највисокиот чин на награда за уметниците. Статуетката е висока околу 30 цм., плус постаментот и е изработена од полимермер. Материјалотј е релативно нов и беше предизвик, бидејќи бара посебна техника и подолго време. Композиција е од машка и женска рака вклопени во аплауз. На машката рака во долниот дел од дланката се сместени двете маски – трагедија и комедија, кои се составен дел од театарот. Мислам дека делото ја постигна целта – вели Стојаноски

Loading