„ПИРЕЈ“ НАЈДОБРА ОД ПУБЛИКАТА – „БАКХИ – КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАДОТ“ ОД ЖИРИТО

pirej foto

На годинешното издание на на МТФ „Војдан Чернодрински“ новата награда на публиката припадна на претставата ,,Пиреј,, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Во изведба на домаќинот, прилепскиот театарски ансамбл. Според жирито пак најдобра претстава е  ,,Бакхи – краток преглед на распадот,, во режија на Игор Вук Торбица на Битолскиот театар. Наградата за главна женска улога í беше врачена на Марија Спиркоска Илијески за улогата на Велика во претставата ,,Пиреј,,. Актерот Александар Степанулески за улогата на Јон во претставата ,,Пиреј,, ја доби наградата за главна машка улога

Годинава Фестивалот се одржуваше под мотото ,,Ова  е наше време, време за театар,,. Беа понудени 8 претстави во конкуренција.

Loading