ТАТЕ

– Ко џа време ги нема стриковцине Рампо и Цанета, глем че дојда неколкумина од нашиве, че се повртка, че се пошеколка, че си замина –  му вели Киро од Стровија на Стојан од Дрен, двајцата желни да слушнат драпачка од прилепските мајстори на мајтапот.

– Така е Киро. И Стојаница моја ме сејчава дека се врајчам дома ко без душа. И кажало пилето дека не и носам драпачка, па ми вели:

– Пак си идиш ко наврнат и без понада за душава. Не дојдоа Рампо и Цане, а домајчне? 

– Ти шо велиш Стојане, кај да се акнати? 

– Негде се далдисани, ама че се вратат. Еве ги, ба муј! Ниту тие без нас, ниту ние без нив. Киро, чути че се изнасладиме денојве. Сигурно се наторени со чешити, оти глем до уши се насмени.

– Здроживо, лујџе. Шо сте се изретчиле. Нé нема, а вие усвит – се подлутува стрико Цане.

– Не секирај се. Народецов е како проѕевката. Еден нека зини, сите че ги отпетла. За ламинут че се нацрта – го амортизира Стојан Цанета.

– Арно ти велат Цане, погледни. Од кај саатон цела колона наши фанови. Уште знамиња им фалат, па да почнат да не бодрат – го храбри стрико Рампо.

– Шо ти е то феној. Колку шо глем овде сите сме без коса, ко зелки?

– Не феној, туку фаној, навивачи, луѓе кои доаѓаат да ги слушнат на сите чешитлаци, разбра?

– Разбрав, а за чешитот лујџе било вака?

– … Неко невеста отишла средсело да си залеј вода во стомните. Си слушнала муабет дека свекоро многу се жалел од неа. Не го перела, не му готвела, не го сајкалела…

– И, праша дреновецот Киро?

– Шо, и, мариовките се итроманки, ќерки на Итар Пеја!

Ни пет-ни шес рекла:

 – …Госпо ми е сведок, како го дујдисувам татка. Ама тате излапе. Од газот си ги ваде. Ако нека си ги ваде, нека си ги јаде. Важно е ја за него лошо да не кажа – се исповедала снаата…!      

Loading