АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Толку долго чекаше поволен ветер што кога го дочека, едрата му се распаднаа од дотраеност.

Х

Се вртиме во круг но тоа не е – почесниот.

Х

Кажа што навистина мисли и остана сам со себе.

Х

Му гори шталата, а тој мисли пушат говедата.

Х

Демократијата отпатува далеку, но не се знае во која насока.

Х

Состојбата ми е критична. Ме критикуваат и позицијата и опозицијата.

Х

Најдобро поминуваат градителите на ветувања.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading