ФУДБАЛЕРКИ ВО 4 СЕЛЕКЦИИ

ЖФК Победа

Фудбалска екипа Прилеп успешно ја одигра дебитантската сезона во Женската лига. Освоеното 7 место во конкуренција на 14 тима можеше да биде и повисоко, ако последниот месец од првенството не се случеа чести отсуства поради настапи во репрезентациите. Имено, клубот дава фудбалерки во 4 селекции: до 15 години, до 17, до 19, дури и во А, така што некомплетната екипа не можеше да ги избегне поразите во финишот од првенството. Сепак, пласманот е задоволителен и мотив да се продолжи во нагорна линија. Клубот планира долгорочно и се потпира на сопствен кадар. Шест-седум млади веќе се во Академијата, а в година со уште толку ќе се направи комплетен тим.

Новата сезона стартува кон крајот на август.

Loading