И ПРИЛЕП ОТПАДНА!

Ракомет

Спортот прилепски тргна на отпаѓање и тоа не можеше никако да запре. Отпадна и ракометната екипа Прилеп. Во натпревар од баражот за статусот суперлигаш, Прилеп – Работнички 30-38, во салата во Неготино. Уште една болка за спортските љубители. Претходно Победа отпадна од Првата фудбалска лига, Партизан Обршани од Втората, сега и Прилеп од ракометната Супер лига. Од лошо имало полошо. Ако некогаш една екипа одела надолу, другата тргнувала нагоре и така се компензирало. Сега сите екипи тргнаа надолу. Од екипните спортови: квалитетни одбојка и кошарка немаме, фудбал и ракомет машки исто, така што остануваат женските екипи – ракометната Деспина и фудбалската Прилеп.

Има ли сили овој град? Надеж е во некои настани. Се организира убав меѓународен ветерански турнир. Ако имаме сили за таков турнир, треба да имаме и за клуб кандидат за враќање таму каде му е местото – Супер лигата.

Loading