ПРИЛЕПЧАНИ – МАЈСТОРИ ЗА ЕДРИЛИЦИ

Моделарство

На Спортскиот аеродром СВК „Фил феникс“ го организираше 67-то Државно првенство во спортско моделарство, слободнолетечки модели. Учествуваа: Скопје, Кавадарци, Битола, Охрид и два тима од Прилеп. Во сениорска, во Ф-1-А (едрилици) првото место го делат Гоце Јосифоски (Кавадарци) и Давид Најдоски (АК Прилеп), а кај јуниорите тројцата најдобри се од Фил Феникс Прилеп: Анастасија Пожарска, Симона Тошеска, Зоран Петрески. Во Ф-1-Б (гуменици) кај сениорите победи Климент Масин, кај јуниорите Александар Цветановски (двајцата од Охрид). Во Ф-1-Ц (клипеници) победи Коста Стојановски (Скопје).

Организиран беше и Купот на Прилеп за радиоуправувачки модели.

Loading