МИЛЧИН И МЈАКУ – ДОБИТНИЦИ НА ЖИВОТНО ДЕЛО

МТФ „Војдан Чернодрински

Nagradenite

Театарскиот режисер Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку се добитници на наградата за животно дело, што им беше доделена на отворањето на годинашново 54 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Лауреатот Милчин вели дека признанијата можат да дојдат на време, можат да задоцнат или воопшто да не дојдат. Важно, според него е претставите кои што не смеат да задоцнат.

-Признанијата и наградите се храна за суетата – додава Милчин, потенцирајќи дека театарот е огледало на светот, огледало кое нé потсетува на вечната борба меѓу боговите и верниците, владетелите и бунтовниците, крвниците и жртвите…

Актерот Бајруш Мјаку посочи дека секоја награда има своја тежина.

-Кога говориме за наградата за зхивотно дело, оти таа има посебна тежина, зашто доаѓа од колегите, од театарските луѓе и од Фестивал кој има долг век на траење. Наградата ми е најдрага во споредба со другите штосум ги добивал – изјави  Мјаку.

Loading