СЕКОЈ ДЕН УМЕРЕНО СЕ ПИЕ ПИВО

pivoПивото е едно од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци, омилено од милиони луѓе ширум светот. Горчливо слатката пена која пријатно режи меѓу непцата во устата има полно позитивни ефекти за здравјето со умерена консумација. Пивото е богато со витамини Б. Има и антиоксиданси. Содржи и флавоноиди, важни за метаболичките процеси.

Пивото го одржува здравјето на бубрезите. Една чаша дневно ја намалува веројатноста од развој на болести на бубрезите дури со 40 отсто. Растителните влакна го намалуваат нивото на ЛДЛ холестеролот и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести. Богато е со витамините Б1, Б2, Б6 и Б12, што го зголемува нивото на витамините Б во телото. Содржи 30 проценти повеќе витамин Б6 од сите други извори, но и голема количина на реткиот витамин Б12. Високото ниво на силициум во пивото ги јакне коските. Содржи состојки кои го подобруваат сонот и ја лекуваат несоницата. Умерената консумација го намалува ризикот од срцев удар за 40 – 60 отсто. Одличен напиток е за превенција од згрутчување на крвта. Пивото ја подобрува меморијата. Мал е ризикот од изложеност на деменција и Алцхајмерова болест. Две чаши дневно значајно го намалуваат стресот. Секојдневнатао консумација позитивно влијае врз пигментацијата, а кожата станува понежна и поубава.

Loading