ХЕРОЈ ПРИЛЕП СО МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА

Стрелаштво

По пауза од седум – осум години стрелачкиот клуб Херој Прилеп почнува со обука на стрелци за настапи со воздушна пушка според меѓународната програма. Тренерот Трајче Дамески во почетокот ќе тренира со младите Мартин Ангелески, Ирина Јованоска и Вероника Томеска. Понатаму ќе има и други. Целта е оформување на кандидати за олимпијадата во 2024.

Претходно членовите на Х. Прилеп се докажаа во националната програма. На Државното за пионерки екипата (И. Јованоска, В. Томеска, М. Ристеска) е прва со државен рекорд од 530 круга. И. Јованоска е поединечен првак со 183. Пионерите екипно се втори.

Младинките беа осамени, први.

Loading