СЕ ЧЕКА РИВАЛОТ ЗА БАРАЖОТ

Ракомет

Заврши плеј-аут групата од Супер лигата за мажи. Екипата на Прилеп во последните две кола загуби од Вардар јуниор (34-26) и од Радовиш (32-54). Поразите не влијаат врз пласманот на претпоследното, петто место. Со него се влегува во баражот за опстанок во лигата. За тој меч се очекува противникот, второпласираниот од Првата лига. Таму останува уште едно коло, а трите водечки се со разлика од по еден бод: Металург 2, Работнички и Јуниор КВ.

Прилеп веќе пет години е суперлигаш.

Loading