ПРЕМИЕРНО „СЕМЕЈНИ ПРИКАЗНИ“

Во театарот „Војдан Чернодрински

Привршуваат подготовките на претставата „Семејни приказни“ од Биљана Србљановиќ, во режија на Милош Б. Андоновски, што премиерно ќе биде прикажана идната недела. Играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски. Сценографијата е на Наташа В”чкова, а за костимографијата е задолжена Марта Дуфне Јосифовска.

– Текстот само навидум изгледа наивен. Неговата повеќеслојност го претвора во предизвик за работа. Возрасни актери играат деца кои, пак, играат возрасни. Границата меѓу овие три слоја (приватниот од актерите, детскиот и возрасниот) е многу тенка, но е простор за неограничен број на можности – вели режисерот Андоновски.

Србљановиќ е најпозната и најизведувана српска драмска авторка. Таа е и најизведувана европска авторки денес. Драмите и се поставени во 50 земји. Драмскиот текст „Семејни приказни” е од 1998 година. Актуелен е, особено, за балканските простори.

За театарскиот режисер и професор, Милош Б. Андоновски (1989) претставата „Семејни приказни” е неговиот прв професионален ангажман во прилепскиот театар. На публика, првпат, и се претстави со дипломската претстава „Поблиску”, според текстот на Патрик Марбер, во 2015 година, во Офф програмата на фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Ги работел претставите „Јас, Селма”, „Физика на тагата” според истоимениот роман на Георги Господинов и шекспировиот „Хамлет”.

Loading