„УА“ ЗА НАШИ СУДИИ

Историја

Прилепската публика знаела да негодува и кон домашни, прилепски судии. Летото 1986, по четири “посни” години, Победа се врати во второлигашкото друштво и генералната проба ја имаше со соседниот ривал, Прилеп. Малата трибина се преполни со гледачи, за да ги видат засилувањата М. Јонуз, Зекиќ, Коприќ… Само што топката тргна, се виде каде е приклонета публиката. Со кого да игра, навива за Победа. Но, при една контра, во празно беше проигран З. Петрески, кој избегна офсајд и погоди за 0-1. Почнаа негодувањата. Цела трибина врескаше кон судиите, сметајќи дека голот е нерегуларен. Ја тресеа оградата.

Којзнае што ќе се случеше ако Коприќ не даде пет гола за конечни 5-1 за Победа.

Loading